Tоа е тој процес на ДУИ – зација кој Зоран Заев се повеќе  го потикнува за да остане на власт малку подолго, изјави претседателот на МААК, Страш Ангеловски во емисијата „ Утро со Златев“ на Радио Лидер.

  И затоа Заев е подготвен на  секакви работи. Заев е подготвен и за  премиер  албанец, само за да остане повеќе на власт  и да не одговара  на злостопрствата кои ги направи во Македонија, ова се повеќе наликува на  Хитлер . И Тамара и Нина се како нашите деца, а во светот во училиштата најпрво се  интонира химната, ние малку треба да поработиме на тоа национално чувство и да   не да направиме националисти, туку деца кои ќе ја знаат историјата , а не како Царовска што сака да ја укине, изјави Ангеловски.