Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски ги кажа своите впечатоци по денешниот пораз (1:2) од Украина.
– Одигравме меч со две различни полувремиња. Сакавме да влеземе претпазливо, а во второ да бидеме поофанзивни. Во второто полувреме ја видовме вистинската Македонија. Покажавме дека имаме квалитет и дека заслужено сме на Европско првенство. Жалиме поради тоа што не им возвративме на нашите навивачи со позитивен резултат, изјави Ангеловски
Ни престои натпревар со Холандија која е апсолутен фаворит. Сепак, се надевам дека на тој меч ќе успееме да стигнеме до првите бодови на едно Европско првенство, рече Ангеловски на денешната прес-конференција.
По две кола „црвено-жолтите“ се без бод и само со теоретски шанси за пласман во следната фаза.