Независната кандидатка за градоначалник на Скопје која е поддржана од ВМРО ДПМНЕ и коалцијата Данела Арсовска води со 4,8 отсто пред кандидатот на СДСМ Петре Шилегов, покажуваат резултатите од втората анкета на Институтот АКСИОС.
Според анкетата него, 18,3 отсто од испитаниците се изјасниле дека на локалните избори за градоначалник на Скопје ќе гласаат за Данела Арсовска, незавиен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. За Петре Шилегов ќе гласале 13,5 отсто. Трет е кандидатот на Левица Петар Георгиевски за кого ќе гласаат 5,7 отсто од испитаниците. За Бени Шаќири од ДПМ и ЛДП би гласале 5 отсто а за Ана Петровска 4,2 отсто.
Другите кандидати заедно и добиле 9,4 отсто од поддршката на граѓаните. Интересен е податокот дека 20,4 од граѓаните се изјасниле дека нема да гласаат а 23,5 отсто немаат одговор.
Анкетата за Скопје, според АКСИОС, е спроведена на репрезентативен примерок од 795 испитаници во периодот од 24 до 29 септември со маргина на грешка од 2 отсто.
Резултатите од анкетата покажуваат водство на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и во Бутел, Штип и Велес. Во Струмица предноста ја има кандидатот на СДСМ.