Анкета на синдикатите во Србија покажува дека речиси три четвртини од домаќинствата живеат од плата до плата, со ограничени можности за заштеда и висок товар на трошоците за домување
Анкета на синдикатите во Србија открива сериозна финансиска состојба на домаќинствата. Според резултатите, 71,2 проценти од домаќинствата не можат ништо да заштедат поради недоволни приходи. Истражувањето е дел од Анкетата за реалните месечни приходи на вработените и трошоците на нивните домаќинства, што ја спроведе Сојузот на независни синдикати на Србија (СССС).
Синдикатите велат дека ова значи дека речиси три четвртини од семејствата во Србија живеат од плата до плата и се финансиски ранливи, чувствителни на економски шокови.
Анкетата била спроведена од 7 до 19 август годинава со учество на 2.219 испитаници. Според податоците, 18,5 проценти од испитаниците изјавиле дека можат да заштедат од 5.000 до 12.000 динари месечно. А само 10,3 проценти можат да заштедат повеќе од 12.000 динари.
Резултатите откриваат и дека 50,6 проценти од анкетираните се откажуваат од патувања поради финансиски причини. 16,6 проценти се откажуваат од културни активности. 13,3 проценти од квалитетни производи.. 11,2 проценти го намалуваат количеството на купени производи. 8,3 проценти штедат на други сегменти.
Во врска со годишните одмори, 46,8 проценти не можат да си дозволат седумдневен одмор. Од оние кои можат, 22 проценти би потрошиле од 60.000 до 80.000 динари. 18 проценти од 80.000 до 120.000 динари. 13,2 проценти повеќе од 120.000 динари.
Анкетата на синдикатите во Србија покажува дека најголем број од анкетираните, 60,4 проценти, имаат двајца вработени членови во домаќинството. 25 проценти преживуваат со само една плата. СССС потенцира дека минималната плата мора да се разгледува имајќи предвид дека една или две плати најчесто издржуваат три или четири члена на семејството.
Податоците откриваат дека 22,1 процент од домаќинствата имаат месечен приход до 60.000 динари по член. Додека 58 проценти заработуваат меѓу 60.000 и 100.000 динари. Дополнителен приход е редок – 79,5 проценти немаат никакви други извори на средства како дополнителна работа, прекувремени часови, социјални или детски додатоци.
Во делот за потрошувачката кошничка, 11,5 проценти издвојуваат до 55.000 динари месечно. 29,5 проценти од 55.000 до 80.000 динари. 31,8 проценти од 80.000 до 120.000 динари. 27,2 проценти повеќе од 120.000 динари.
Синдикатите наведуваат дека многу домаќинства го насочуваат поголемиот дел од своите приходи кон основните потреби. Просечно домаќинство во Србија троши повеќе од една просечна плата, што укажува на тоа дека или се вработени двајца членови, или потрошувачката е покриена со дополнителни работи, кредити или сива економија.
Истражувањето открива и дека 70,6 проценти од домаќинствата имаат расходи за кирија или отплата на станбен кредит. Речиси една третина од нив плаќаат повеќе од 36.000 динари месечно за домување. Според СССС, ако овој износ се спореди со медијалниот приход од 84.405 динари, повеќе од 40 проценти од платата се насочуваат кон домување, што значи дека домаќинствата се преоптоварени според меѓународни стандарди.
Конечно, анкетата покажа дека за достоинствен живот, 52,5 проценти од испитаниците сметаат дека се потребни повеќе од 120.000 динари месечно, додека 32,2 проценти проценуваат дека се потребни од 80.000 до 120.000 динари.