Граѓаните и понатаму со огромно мнозинство се против уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот. Анкетата од емисијата „Детектор“ покажува дека дури 82 отсто од Македонците се против внес на Бугарите во Уставот. Ваквата анкета била спроведена од Институтот за политички истражувања на репрезентативен примерок.

На прашањето „Дали новата Влада треба да прифати внесување на Бугарите во Уставот според сегашните услови или не треба да прифати дури и по цена на повторно одложување на почетокот на преговорите со Европската Унија“, испитаниците одговориле:

64% – НЕ
24% – ДА
Останатите дале друг одговор.

Според етничката структура, пак, очигледни се разликите во ставовите меѓу Македонците и Албанците.

Кај Македонците:

82% одговориле НЕ
12,9% одговориле ДА
Останататите дале друг одговор.

Кај Албанците:

56,3% одговориле ДА
11,3% одговориле НЕ

Останатите дали друг одговор. Споредено со Македонците, кај Албанците има далеку повисок процент на неодредени одговори.

Повеќе може да погледнете и од видеото во продолжение:

Ваквото прашање веќе подолг период е дел на полемиката во македонската јавност. Пред неколку години имаше големи протести.

Менкиновски: Бугарија е таа која треба да го смени Уставот, а не ние во Македонија

Победа на македонското малцинство во Бугарија и на Македонија е последната одлука на Советот на Европа. Официјална Софија е таа што треба да го отвори Уставот и да направи измени за признавање на македонското малцинство и неговото здружување во земјата. Со изнесените заклучоци, Комитетот на министри посочува дека во насока на уставните измени кои треба да бидат спроведени веќе е формирана работна група во Бугарија која го одржала својот прв состанок, вели адвокатот Тони Менкиновски – застапник на Македонците пред европските институции.