Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје.

Резултатите од анкетата, во делот за општина Гази Баба, покажуваат дека во оваа скопска општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 26.6% од испитаните граѓани.

Зад него е кандидатот на СДСМ, Борис Георгиевски за кој довербата ја дале 20,5% од граѓаните, кандидатот на Интегра, Ѓорги Тодоров за која 2,4% од испинатиниците се изјасниле дека ќе гласаат и кандидатот на ТМРО, Катерина Јовановска Ивановска со 2,2% .

Резултатите од анкетата, во делот за општина Битола, покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 22.6% од испитаните граѓани.

Зад него е кандидатот на СДСМ, Христо Кондовски за кој довербата ја дале 18,3% од граѓаните, кандидатот на коалиција ЛДП-ДОМ, Горан Милевски за кој 7,1% од испинатиниците се изјасниле дека ќе гласаат, кандидатот на Демократи, Јорго Огненовски со 1,5%, кандидатот на Македонска Ера Трета, Горан Тасковски со 1,3% и независниот кандидат Зоран Лозаровски Паљо со 1%.

Резултатите од анкетата, во делот за општина Гевгелија, покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 24.4% од испитаните граѓани.

Зад него е кандидатот на СДСМ, Сашко Поцков за кој довербата ја дале 19,3% од граѓаните, кандидатот на коалиција ЛДП-ДОМ, Виктор Петков за кој 4,8% од испинатиниците се изјасниле дека ќе гласаат, кандидатот на Интегра , Љупчо Кадиев со 1,7% и независниот кандидат Глигор Петков со 2,1%.

Резултатите од анкетата, во делот за општина Неготино, покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Стојанов.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 26.9% од испитаните граѓани.

Зад него е кандидатот на СДСМ и коалицијата за кого 25,9% од испитаниците изјасниле дека ќе гласаат за него.