Таа за Канал 5 изјавила:

-Ние денеска испративме писмо до Општина Центар со кое бараме да ни се достави градежна дозвола и основен проект со цел да ги утврдиме сите детали поврзани околу дозволата па ќе видиме понатаму дали ќе може нешто плус да се прави од наша страна или не

Антикорупциска чека и обвинителството да се произнесе околу предлогот кој го доставија да истражи како е донесен ДУП-от но и како е продадено земјиштето кај Холидеј Ин, бидејќи според нив постои сомнение за кривично дело.

Од Обвинителството велат дека предметот се уште е во предистражна постапка:

Надлежниот Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција ги разгледува сите аспекти поврзани со овој случај меѓу кои и оттуѓувањето на земјиштето и во рамките на своите надлежности ги презема сите неопходни дејствија за расчистување на случајот. велат од Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Проектот крена голема прашина во јавноста, ДУП-от беше под мораториум подолг период, се потпишуваа петиции, се организираа и протести да не се гради на парцелата.

Она што е познато е дека според планот, на просторот ќе никнат три висококатници за 400 стана или 1 200 жители со илјада паркинг места.