ЈП „Паркинзи Општина Центар“ воведува измени во условите и начинот на користење на јавните паркиралишта, со фокус на поголема достапност на паркинг за жителите на Општина Центар, намалување на метежот и поефикасно управување со јавниот простор, информираа надлежните од претпријатето.
Велат дека измените се донесени по консултации со жителите, стручни лица, како и анализа на европски практики.
Со новите измени, повластените карти повеќе нема да се врзуваат само со лична карта, туку со станбена единица — со цел пофер и поорганизиран систем за жителите.
Ова се новите измени на ПОЦ:
– Бесплатно секторско паркирање за прво возило
За станарите за второ возило: Месечната претплата се зголемува од 250 на 500 денари.
Трето возило: Цената се коригира од 1.200 на 1.500 денари месечно.
– Нова „Услуга Плус” за пошироко користење надвор од матичниот сектор
– Корекција на цените за надворешни корисници и деловни субјекти.
Значајни промени се воведени и кај зонското комерцијално паркирање:
Дневни карти: Поскапуваат за 100 денари (од 300 на 400 денари).
Дневни припејд карти: Во Зона 1 цената се зголемува на 1.000 денари, а во Зона 2 на 900 денари.
Бизнис карти (правни лица): Месечната мобилна бизнес карта поскапува на 2.500 денари.
За вработени во фирми во Општина Центар: Цената на месечниот билет се зголемува од 2.000 на 3.000 денари.
Службени возила на затворени паркиралишта: Новата месечна цена изнесува 4.000 денари.
Поскапо ќе се плаќа и за услугата на „пајак“ службата за подигнување на непрописно паркирано возило. Сопствениците на ваквите возила наместо досегашните 3.500 денари, сега ќе наплаќаат 4.000 денари.
Од претпријатето велат дека, средствата ќе се инвестираат во нова опрема, автоматска наплата, системи за читање, регистарски таблици, подобра безбедност, нови возила и подобра инфраструктура.
