Според него сето ова е поради непланско работење на надлежните, како и воопшто на власта.

„Ако разговарате со стручни лица од рудниците ќе ви кажат дека пред 7-8 години ископ на јаглен се правел од пролетта, и јагленот со доволен ископ можеше на време да се смести во РЕК Битола и да има континуирано прозводство на струја“, рече Антовски.

Тој рече дека има сознанија за несоодветни постапки во РЕК Битола.

„Во рудникот на РЕК Битола имам информации дека се вршени неструни ископувања поради што има нарушување на техничката мапа на ископ на јагленот. Дополнително сите сме сведоци дека при поројни дожови се потопува главната механизација за ископ на јаглен и имаше застој во ископот“, кажа Антовски.

Зошто намерно не се вршел ископ, рече Антовски, не знам и не сакам да навлегувам во политиките на Владата.

„Кога енергетска криза тропа на вратата треба да се има една општествена одговорност и да средуваат работите. Сето тоа не се случи и имаше едно нестручно работење во РЕК Битола“, укажа Антовски.