Полската тенисерка Ига Швјонтек која беше прв носителка и убедливо главна фаворитка за титулата на Австралијан опен настапот на турнирот го заврши во четвртото коло.

Швјонтек беше надиграна од 22-ро рангираната Елена Рибакина од Казахстан со 4-6, 4-6, и ова е најголемо изненадување на турнирот досега.

Рибакина која е Русинка, но зеде казахстанско државјанство поради поголемата финансиска помош од државата, минатата сезона како го освои Вимблдон.

Кај мажите, Карен Хачанов го победи Јапонецот Јошихито Нишиока со 6-0, 6-0, 7-6, и испушти шанса да стане само шестиот тенисер во историјата, а прв после 30 години, кој на грен-слем меч победил без да загуби гејм.

Противник на Хачанов во четвртфиналето ќе му биде Себастијан Корда, кој одигра спектакл против Хуберт Хуркач. Американецот со чешко потекло победи со 3-2 во сетови,а петтиот сет се решаваше во супер тај-брејк.