Владата се соочува со опозициски структури кои наместо политички аргументи и конкретни факти постојано пласираат невистини во јавноста, при што институциите дејствуваат со целосна транспарентност и брзина.
„Јас би сакала да имаме политички опонент каде што политички ќе треба да се надмудруваме во рамки на политичката аргументација, за жал во моментов тоа го нема, ние се обидуваме да зборуваме со фактите и реалноста, тие континуирано со ширењето на лаги и невистини и како Влада точно знаеме во рамки на комуникацијата дека првото правило по кое и се водиме е будноста, брзата реакција, точно знаењето кога и каде да и ја соопштиме вистината на граѓаните се со цел да не бидат во заблуда, и мислам дека поткренувањето на индексот на транспарентност на Владата од година во година покажува дека сме на добар пат“, рече Митева.
Во своето излагање таа ја нагласи и улогата на Унијата на жени на владејачката партија, посочувајќи дека партиската организација значително придонела за зајакнување на политичкото учество на жените, нивното раководно позиционирање и јакнење на економската самостојност.
„Унијата на жени е убедливо најмоќната организација на жени во рамки на политичките партии во Македонија, успеала да отвори многу врати за жени коишто многу долго време биле затворени, еден таков пример е претседателката на државата, успеавме како политичка партија да поддржиме кандидат жена за претседателка и тоа е огромен успех и тоа ќе остане запаметено во историјата, сме успеале да создадеме широка мрежа на жени коишто активно политички учествуваат. Клучното на Унијата на жените е покрај тоа што е организација на жени којашто е најмоќна и најсилна и е моторот во рамки на партијата, фокусот да биде ставен на политичкото делување на економската независност“, децидна е Митева.
