Со него обвинети се и поранешниот премиер, Никола Груевски и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, како и Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ и мајката на Камчев, Ратка Куновска-Камчева.
Иако понудил 4,4 милиони евра во недвижности и 400 илјади евра во кеш, Орце Камчев обвинет во случајот „Плацовите на Водно“ ќе остане во притвор во Шутка. Пред два дена Апелацискиот суд во Скопје повторно ја одбил жалбата на Камчев иако Вишото обвинителство прифатило замена на затворски со домашен притвор за обвинетиот бизнисмен, јавува Телма ТВ.
Меѓу имотот кој го нудел е и куќата во Бардовци каде беа направени снимките со парите и чантата „Луј Витон“ од случајот „Рекет“.
Судиите сметале дека висината на гаранцијата од речиси 5 милиони евра не гарантира дека тој нема да избега, како и дека здравствената состојба, откако тој лежеле на Кардиологија, „не може да доведе до отстранување на стравот од бегство на обвинетиот“.
Целиот текст на 360 степени