Според информациите на „Телма“, адвокатите понудиле ганација од два стана, две куќи и 250 илјади евра во кеш во судската благајна за осомничениот бизнисмен да биде пуштен од затворски во домашен притвор. Но, апелационата судијка Тања Милева оценила дека гаранцијата не е доволна бидејќи и скопското Вишо обвинителство оценило дека и покрај толкава сума, сè уште постои опасност од бегство.
Адвокатот на Камчев, Антонио Апостолски во телефонска изјава за телевизијата изјави одлуката е донесена без да им се овозможи и да бидат повикани адвокатите на јавна седница која е законски задолжителна кога се расправа по жалби за вакви истраги и кривични дела.