Компанијата Apple привремено ја повлече апликацијата за размена на пораки Telegram од својата продавница App Store, откако било утврдено дека на платформата има содржини што ги прекршуваат правилата поврзани со материјали за сексуална злоупотреба на деца.
Апликацијата доцна во понеделникот била отстранета од App Store за уредите iPhone и iPad.
Од Apple соопштиле дека при спроведената проверка било потврдено присуство на спорна содржина на Telegram. По реакцијата на компанијата, содржината веднаш била избришана, а корисникот што ја објавил бил блокиран. Потоа апликацијата повторно била вратена во App Store.
По враќањето, од Telegram на социјалната мрежа X објавиле дека „извештаите за нивната смрт се во голема мера претерани“, алудирајќи дека платформата повторно е достапна.
Во меѓувреме, основачот и извршен директор на Telegram, Павел Дуров, на 30 јуни бил ставен на руската листа на терористи и екстремисти.
Австралиската Канцеларија на комесарот за безбедност на интернет, исто така, покренала постапка против Telegram, обвинувајќи ја платформата дека не отстранила содржини поврзани со тероризам.
