Апсење вчера попладне на скопската Клиника за гинекологија. Малолетничка донесена со породилни болки, полицијата ја уапси нејзината мајка.
– Вчера во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки, информираа од полицијата.
Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
