Полициски службеници од Полициското одделение Маврово вчера во 10:45 часот го привеле Ѓ.Р. (56) од Гостивар, кој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување во с. Галичник, за време на одржување на манифестацијата „Галичка свадба“.
-Истиот ден во 20:40 часот, на ул. „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар, повторно го приведоа Ѓ.Р. затоа што го нарушувал јавниот ред и мир. По извршеното алкотестирање, кај него биле констатирани 1,75 промили алкохол во крвта, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи
По документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
