Таа информираше дека прогласена е тридневна жалост во Тетово.

– Како што веќе бевте информирани, се одржа седница на Советот. Дадени се три дена жалост и исто така додека ги добиеме официјалните информации во однос на идентитетот на жртвите од ургентниот фонд што го имаме како општина Тетово ќе интервенираме до тие семејства, рече Арифи.

Таа одби да даде дополнителни информации за вчерашната несреќа, сè додека тие не бидат официјално потврдени од институциите. Арифи информира дека преживеаните се во стабилна состојба и дека тие се сместени во болницата во Тетово.

За модуларната болница во Тетово која вчера целосно изгоре, градоначалничката вели дека има повеќе модуларни болници во државата и дека тие се изградени според стандардите кои биле испочитувани.