Општина Тетово поднесе уште една кривична пријава за злоупотреба на службената положба против поранешната градоначалничка Теута Арифи.

Ја обвинуваат за оштетување на буџетот на општината за над 66 милиони денари. Од локалната власт истакнаа дека тужбата е поднесена под сомнение за прекршување на Законот за работни односи, Законот за управување со буџетски книги и корисници на буџетот.

Претходно, општината Тетово побара од сите вработени кои склучиле договор со општината писмено да одговорат за работата што ја извршувале.

Ова е четврта тужба против Теута Арифи.