Се чини дека Теута Арифи, поранешна градоначалничка на Тетово, нема да може да се вклучи во македонската дипломатија.

По Вашингтон и Брисел, и официјална Анкара одби Арифи да биде амбасадор на Северна Македонија во Турција, објави весникот „Коха“.

Официјални извори за весникот информирале дека по одбивањето на Вашингтон и Брисел, Владата и Министерството за надворешни работи се обиделе да ја испратат Арифи амбасадорка во Анкара, Турција, а официјалниот одговор од таму бил брз – акредитивните писма на амбасадорот нема да бидат одобрени.