Кандидатот за градоначалник на Град Скопје поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, денеска оствари средба со кандидати за градоначалници на Чаир и Гостивар др. Беким Сали и др. Арбен Таравари.
-Корисна средба помеѓу двата изборни круга со моите колеги кандидати за градоначалници на Чаир и Гостивар др. Беким Сали и др. Арбен Таравари. Разменивме искуство од првиот круг и си посакавме уште поголем успех во вториот круг на изборите, пишува Арсовска на Фејсбук.