Арсовска посочи дека скопјани бараат суштински промени, подобрување на квалитетот на животот на секој еден граѓанин, а промените започнуваат на 31 октомври.
-Победата во првиот круг е победа која што сите вие ја донесовте заедно за поубаво, за модерно Скопје, а сега во вториот круг уште еднаш ќе им потврдиме дека е време за промени и тие промени доаѓаат по 31 октомври. Заедно ќе ги менуваме работите на подобро и ќе успееме да создадеме едно поубаво Скопје, рече Арсовска.
Таа од Карпош уште еднаш им се заблагодари на скопјани за поддршката на нејзината визија за модерно Скопје и истакна дека Скопје повторно ќе биде град на сите, без заборавени населби, со сообраќајни решенија што ќе значат лесен и брз пристап, повеќе зелени површини и пред се, со посветено и одговорно работење и брзо и ефикасно решавање на проблемите за сите граѓани.
-Приоритет во моето работење како иден градоначалник на градот ќе биде заедно со мојот тим од експерти и заедно со скопјани да создадеме подобра иднина со квалитетни услови за живот за секој граѓанин. Скопјани заслужуваат да живеат во модерна европска метропола со модерна инфраструктура, без заборавени населби, со квалитетни и одржливи решенија за проблемите на граѓаните, со повеќе зеленило, чист воздух и здрава животна средина. Граѓаните конечно ќе добијат и брз, квалитетен и бесплатен јавен превоз, со што ќе понудиме еколошка алтернатива на автомобилите, а дополнително ќе набавиме и 250 нови еколошки автобуси со што ќе ги продолжиме автобуските линии до сите населени места каде има потреба. Ќе ги исчистиме дивите депонии како онаа на излезот од Карпош и на нивно место ќе има нови зелени површини за карпошани. Ќе работиме одговорно и посветено уште од првиот ден затоа што Скопје и скопјани повеќе немаат време за чекање, истакна Арсовска од Карпош.