Таа истакна дека велосипедистите секојдневно се соочуваат со проблеми, затоа што на така наречените патеки, има се, освен слобода да уживаат во возењето. На средина на патеките има контејнери, сообраќајни знаци и други најразлични препреки, а во исто време актуелен е и проблемот со наоѓаање соодветно вело паркинг место.
-Ќе се обезбедат и нови паркинг места за велосипеди, заштитени од кражби и оштетувања и истите ќе бидат под 24 часовен видео-надзор. А, со цел реализација на проектот Скопје – вело град, ќе биде спроведена модернизација на системот за изнајмување велосипеди, со современа апликација за само изнајмување во рамки на Скопје. Во исто време предвидено е градот да обезбеди 1000 бесплатни електрични велосипеди што ќе бидат доделени на групи на граѓани со пониски примања и ќе биде зголемена финансиската поддршка на граѓаните за набавка на велосипеди, како и електрични тротинети, додаде Арсовска.
Арсовска раскажа дека по истиот принцип ќе биде воспоставен систем на изнајмување на електрични тротинети во целиот град, со што ќе се подигне степеност на користење алтернативни решенија за автомобилите и ќе се намали загадувањето.
За крај посочи дека Скопје има потенцијал да биде град на велосипеди и потребно е тоа на граѓаните да им биде овозможено.