-Во два дена наидовме на многу предизвици. Поентата е да ги пренамениме проектите со ненаменски трошоци, изјави денеска градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска за тоа зошто градот го раскинал договорот за новогодишното украсување, потпишан од страна на нејзиниот претходник, Петре Шилегов.
Според неа, во однос на ова прашање треба да се слушаат граѓаните.
-Вчера имаше големи реакции и граѓаните сметаат дека трошоците за украсувањето се непотребни. Неопходни се сите чекори за справување на кризата. Треба да почнеме со штедење на средствата, порача Арсовска.