Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, истакна дека се завршени голем дел од ескпропријациите во Аеродром, а проектната документација за улицата „Цветан Димов“ во Чаир е веќе на крај, пренесува Независен.
– Завршивме голем дел од објектите во Аеродром што беа за експроприрање. Меѓутоа проблемот е што таму, имотно – правните односи не се само во делот на експроприраањето, има и голем број на имотно – правни спорови што се меѓу роднини, пријатели и слично, што се во постапка, во судски процедури и за нив исто така се надеваме дека во најкраток можен рок ќе бидат завршени. Она што е важно од наша страна е дека во изминатата година, веќе скоро повеќе од седумдесетина проценти од тоа што беше затекнато нереализирно, е завршено, инаку голем дел од тие 275 објекти беа нереализирани или неекспроприрани. Останатите 30 проценти се надеваме дека годинава ќе успееме да ги завршиме. Нормално, доколку имаме успех со судските постапки што граѓаните таму ги имаат меѓусебно, појасни таа.
Арсовска беше прашана и за „Цветан Димов“ во Чаир.
– На мое големо задоволство, веќе е на крај проектната документација и тоа што е важно за таму е една визуелизација и проектот како таков ќе го презентираме за отприлика една недела, заедно со градоначалникот на општината Чаир, рече таа, нагласувајќи дека станува збор за капитален проект, ветуван многу години и оти граѓаните таму заслужуваат достоинствено решение со кое што ќе бидат горди, затоа што им е неопходно.