– Во вчерашното недоветно соопштение коешто го испрати судот по насока на Иван Џолев којшто е претседател, можеше да се види неизбежна нервоза затоа што е принуден да постапува по наредбите на Заев, а не да постапува како што наложува законот. ВМРО-ДПМНЕ бара судот и претседателот на судот Иван Џолев да постапуваат единствено по законот и никако поинаку. Иван Џолев како прв во судот, како претседател кој треба да биде пример за почитување на законите, срамота е да толкува нејаснотии во закон и уште повеќе да го руши угледот и на правниците и на судот. Во правосудството ниту ни треба толкувачи, ниту пак ни треба партиски извршители како него, туку ни треба сериозен и праведен претседател на суд којшто ќе ги почитува законите на оваа држава. Имено Иван Џолев вчера призна дека судијата поротник имал полни 60 години и пратил известување до републичкиот судски совет со што сака да ја префрли вината за неразрешувањето на Митко Сандев кај републичкиот судски совет, поосочи тој.
Законот е јасен, членот 80 од закон за судови е повеќе од јасен дека со навршување на 60 години кај судија поротник му прекинува мандатот веднаш и нема никаква друга алтернатива, наспроти известувањата Иван Џолев е должен да испрати барање за разрешување на судијата поротник и по него да постапи Републичкиот Судски совет.
– Да прецизираме се додека не биде разрешен овој судија поротник Митко Сандев рочиштата се незаконски, вклучително и казната изречена вчера кон мене е неоснована. Бараме Иван Џолев да не оди по паметот на Зоран Заев кој знаеме кај ќе го дотера и веднаш да побара прекин на постапувањето на судијата поротник и тој да биде заменет со друг судија поротник, за да може случајот Талир и рочиштата да продолжат да се одвиваат непречено, ние не бегаме од лицето на правдата, да се соочиме со праведноста, но бараме се да се одвива по законите. Апелираме во спротивно законот е уште повеќе од јасен дека доколку продолжат да работат противзаконски Иван Џолев и Митко Сандев ќе бидат поднесени кривични пријави, ниту Иван Џолев ниту Митко Сандев не се поголеми од институцијата суд, за да вршат силување на законите. Џолев има избор или да биде слуга на Зоран Заев или да го почитува законот што впрочем е и негова обврска, додаде Арсовски.