Тој посочи дека партијата која што помеѓу првиот и вториот круг најавуваше прогрес, всушност е партија која што е водена од нарко картел. Прогресот замислете почна да киднапира.

– Ако го погледневте лицето на Зоран Заев од Собрание, ќе сфатевте дека тој е уценет и киднапиран човек од своите криминални пориви, плашејќи се да не одговара за сето она што го правел, да не заглави во затвор и мораше да ја киднапира и целата негова партија и да киднапира пратеник од друга партија. Класични криминалци, апаши, киднапери, функционираат како картел, исто како во јужноамериканските филмови. Да веруваше Заев во своите пратеници ќе ги пуштеше да влезат внатре и да гласаат. А, не сега да ги пушта по телевизии да го бранат за да не понесе одговорност и да не си даде оставка. Победата од 100.000 гласови која што ја оствари ВМРО-ДПМНЕ врз СДСМ на овие локални избори, верувајте дека само ќе расте до наредните избори кога и да бидат. Граѓаните се нестрпливи да го видат Заев да понесе одговорност, а СДСМ да си замине од власта и од институциите, бидејќи ова што го прават е класичен терор врз граѓаните и врз институциите, појасни портпаролот.

Арсовски порача дека кога Зоран Заев не сака сам да ја даде оставката, граѓаните ќе му ја испорачаат многу брзо.

– Оставката е исто како и оставката на Филипче, исто како и утврдената одговорност за кабелот во тетовската болница каде што изгореа 14 луѓе. Што подолго чекаат СДСМ и Зоран Заев за оставките, толку поболен ќе им биде падот од власт, верувајте. Моментално, фигуративно демонстрирано, тие веќе не се партија на власт, тие се само криминална компонента која што се одржува на апарати уште некои или како што тие велат на неодредено време, истакна тој.

Порптаролот додаде дека одговорност за цел криминал, за сите лаги и измами, за сите мафијашко-примитивни потези во политиката мора да има и ќе има и дека Македонија треба да оди во ЕУ, а не да биде киднапирана во картелско заробеништво на картелот Заеви.