Во однос на темата која што излезе вчера во медиумите од коалициониот партнер на Зоран Заев за промена на химна и знаме, единствениот договор за кој веруваме дека постои е договор за криминал и тендери помеѓу Заев и Ахмети, којшто гледаме дека во реалноста и во институциите функционира беспрекорно, вели во одговор на новинарско прашање портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

-Се делат тендери се прави криминал и тука нема никаква мака помеѓу нив. Гледаме дека само во ова поле нема ниту застој ниту пак проблеми, се функционира беспрекорно.

Од јавноста бараме да не наседнува на спиновите и политичките измами на оваа криминална тендерска коалиција Зоран Заев – Али Ахмети, и она кое што е многу поважно од овој спин и ова наметнување на оваа тема која беше предочена во медиумите вчера, е тоа што денес Република Македонија како држава повторно извиси не доби датум, оној датум којшто го најавуваат наназад 3 до 4 години Зоран Заев, Али Ахмети и нивните министри сите на куп.

Оној датум кој пред 2 и три години го прославуваа во владиниот авион и оној датум кој буквално секој момент е во устите на Али Ахмети и Зоран Заев како еден предвесник на европска иднина. Гледаме дека нема датум за преговори, нема ниту европска иднина со овие луѓе и единствено што гледаме што нивната крими-тендерска коалиција беспрекорно функционира, вели Арсовски во својот одговор на прашањето.