Првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците Артан Груби на својот фејсбук-профил на членовите и директорот на Националниот ансамбл на албанските народни песни и ора им честиташе првото место кое ансамблот го освои на 27-то издание на меѓународниот фестивал „Дуна Карневал“ во Будимпешта.

Претставниците на ансамблот Груби ги пречека во својот кабинет на министерството носејќи патики од брендот „прада“, кои вредат чинат 790 евра.

Корисниците на социјалните мрежи бесно го коментираат потегот на вицепремиерот, кој луксузно ја опреми и целата зграда на министерството во центарот на Скопје.

Поголемиот дел од вработените во националниот ансамбл имаат плата колку една од патиките на Груби.