Судот му изрече казна од 41 месец затвор
Личниот асистент на актерот Метју Пери, Кенет Ивамаса, е осуден на 41 месец затвор поради вмешаност во смртта на ѕвездата од серијата Пријатели.
Ивамаса признал дека му вбризгал кетамин на актерот по негово барање во домот во Лос Анџелес во 2023 година. Според информациите од судот, по инјекцијата тој го напуштил домот, а кога повторно се вратил, Перри веќе бил мртов.
Судијката Шерилин Гарнет по признанието на вината му изрече затворска казна од 41 месец.
Обдукцијата покажала дека причината за смртта бил кетаминот
Во текот на судската постапка, Ивамаса изразил сочувство до семејството на актерот и изјавил дека жали за стореното.
„Жалам што извршив кривично дело и тоа ќе ме прогонува до крајот на животот“, рекол тој пред судот.
Обдукцијата покажала дека Matthew Perry починал од последиците на кетаминот, кој во комбинација со други фактори предизвикал губење на свеста и давење.
Со изрекувањето на казната, завршена е постапката против петтемина обвинети кои ја признале вината во случајот.
