-Полициската проверка покажа дека нема опасност, изјави германската полиција додавајќи дека патниците го продолжиле летот кон Полска со друг авион.
Весникот „Билд Цајтунг“ објави дека извештајот за бомбата е лажен.
Авионот со 160 патници слета на аеродромот во Берлин синоќа во 20 часот и 08 минути.
Слична ваква ситуација имаше во јули 2020 година. Авионот на „Рајанер“ на истата линија Даблин-Краков тогаш принудно слета во Лондон откако имаше дојава за бомба, за која подоцна се покажа дека е лажна.