Експлозивна направа била пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во Пештани.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 18:10 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид, А.С. од Охрид пријавил дека во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во Пештани, била пронајдена бомба.
Известена била Дирекцијата за заштита и спасување за подигнување на експлозивната направа.
