Авион со 138 патници од Дубаи попладнево слета на аеродромот Тиват, соопшти Министерството за надворешни работи на Црна Гора.

Во летот, покрај црногорски државјани, имало и патници од повеќе земји, меѓу кои Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска,  Македонија, Италија, Грција, Соединетите Американски Држави, Турција и Република Јужна Африка.

„Покрај Црногорците, во летот имало и граѓани на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Италија, Грција, Соединетите Американски Држави, Турција и Република Јужна Африка“, објави Министерството за надворешни работи на платформата X.

Од Министерството додаваат дека летот бил организиран благодарение на координацијата меѓу Владата на Црна Гора, авиокомпанијата „Флајдубаи“ и Амбасадата на Црна Гора во Абу Даби.