Новиот случај на зараза е потврден кај ученик од Сиднеј, а бидејќи станува збор за лице кое не патувало во стрнство тоа е потврда дека омикрон варијантата е веќе во заедницата, соопштија властите на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс. Меѓутоа, тие се воздржуваат од промените на насоките, бидејќи оваа најнаселена држава во земјата продолжува со постепеното отворање, откако претходниот повирулентен делта сој резултираше со затворање подолго од четири месеци.
-Пренесувањето сѐ уште е загрижувачко, но сепак мораме да го држиме во перспектива. Во целиот свет има нејаснотии околу тоа дали оваа конкретна варијанта ќе предизвика некакви проблеми коишто ни ги предизвикаа претходните варијанти, изјави за новинарите министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Бред Хазард.
Во Австралија вкупно има девет потврдени зарази со омикрон варијантата, осум во Нов Јужен Велс, каде што живеат третина од 25-те милиони Австралијци.
Иако некои сојузни држави ги заострија внатрешните гранични контрили, сојузната влада соопшти дека не планира да се врати на „затворање“ коешто го дефинираа како одговор на пандемијата од самиот почеток. Сојузната влада, исто така, за две седмици го одложи планот за овозможување на странските студенти и квалификувани мигранти да влезат во земјата. Австралијците кои се враќаат од јужна Африка, исто така, мора да минат низ двоседмичен хотелски карантин.
Главниот владин здравствен советник Пол Кели изјави дека земјата не би препорачала воведувањет на дополнителните трети дози од вакцините против Covid-19, како што прават другите држави, имајќи предвид дека „нема докази кои упатуваат на тоа дека порана дополнителна доза од моменталните вакцини ќе ја зголеми заштитата од варикантата омикрон“.