Новата уредба на Министерството за здравство на Австрија стапува во сила утре (24 јуни), а граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија ќе можат да патуваат во оваа европска земја. Покрај балкански држави, на листата безбедни земји се додадени и САД, Хонг Конг, Јапонија, Макао, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Виетнам.
Граѓаните на тие земји ќе можат да влезат во Австрија со потврда за вакцинација или негативен тест, или лекарско уверение дека прележале Ковид-19.