Австрискиот парламент може да ја ограничи слободата на движење само на десет дена, па одлуката за карантинот за невакцинираните е продолжена по втор пат и нема индикации кога би можело да биде суспендирано.
Заклучувањето беше укинато само на 31 декември и 1 јануари, за да им се овозможи на сите граѓани да ја дочекаат Новата година, со ограничен број луѓе.
Но, од 2 јануари невакцинираните можат да излезат од дома само доколку одат да купат дневни потреби, на работа, на лекар или на прошетка, но без присуство на луѓе од други домаќинства.
Новина во одлуката што ја донесе парламентот е што од 3 јануари престануваат да важат потврдите за вакцинација на лицата кои примиле само една доза од вакцината „Џонсон и Џонсон“.
Министерот за здравство Волфганг Микштајн посочува дека овие мерки се неопходни со цел да се спречи брзото ширење на омикрон и со тоа да се преоптовари здравствениот систем.