-Нашиот колега од Австрија се повредил во самиот камп. Имал повреда на грбот, информираа од ТППЕ Берово.

Австриските пожарникари и денеска се на најкритичното подрачје во село Митрашинци, каде што заедно со колегите од Словенија и Бугарија го контролираат пожарот кој неколку дена прави проблеми во Беровскоот Регион.