Автобус со туристи од Босна и Херцеговина се преврте утрово во италијанското место Сан Дона ди Пиаве, недалеку од Венеција и притоа се повредени 10 лица, пренесуваат медиумите во БиХ.

Во моментот на несреќата во автобусот се наоѓале 79 луѓе, меѓу кои и двајцата возачи. По превртувањето, интервенирале пожарникари кои ги извлекле сите патници, а акцијата за спасување заврши утрово околу 8 часот.

Сите 10 лица се полесно повредени и на нив им била дадена медицинска помош во Џезола.