Вчера била прегазена малолетничка во Скопје.

– На 30.06.2023 во 13.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Метохиска“ патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Н.(45) од Скопје удрило во малолетничка, соопшти МВР.

Како што информира МВР, во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, а на пат кон болница починала.

Од страна на лекар од болницата „Систина“ констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.