Поради сообраќајна несреќа на крстосницата кај Веро Џамбо, сообраќајот се одвива отежнато. Формирана е долга колона на возила и сообраќаен метеж.

На терен е полицијата која врши увид на лице место, по сударот меѓу две возила.

Едното возило завршило надвор од коловозната лента и удрило во метален столб при што причинета е значителна материјална штета.

Фото: Плус Инфо