Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска разговараа за натамошните активности во врска со руската агресија врз Украина, соопшти Белата куќа, пренесе ДПА.
Бајден вчера најави дека со партнерите од Г7 ќе разговара за дополнителни санкции против Москва.
Германската Влада првично не даде никакви информации за телефонскиот разговор.