Во присуство на неговата сопруга Џил, претседателот и врховниот командант на САД денеска преку видео врска разговараа со припадниците на армијата, морнарицата, воздухопловните сили, маринскиот корпус, вселенските сили и крајбрежната стража, стационирани во базите во Катар, Романија, Бахреин и САД.
-Како ваш врховен командант, сакав да ја искористам оваа прилика да ви кажам благодарам, благодарам, благодарам. Ние сме благодарни за вашата храброст, вашата жртва, не само вашата, туку и жртвата на вашето семејство, им рече тој на војниците. .
Говорејќи од студио поставено во Белата куќа, Бајден им рече дека тие се „цврстиот челичен рбет на нацијата“ и истакна дека државата има „навистина света обврска“ да се грижи за војниците и нивните семејства