Американскиот претседател Џо Бајден ќе отпатува за Германија на самитот на Г7 на 25 јуни годинава, а потоа ќе учествува на самитот на НАТО во Шпанија на 28 јуни, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.
Бајден ќе присуствува на самитот на Г7 во Шлос Елмау во јужна Германија, на кој лидерите на земјите-членки ќе разговараат за војната во Украина и енергетската и прехранбената криза, изјави Жан-Пјер.
Таа додаде дека главна тема на самитот на НАТО во Мадрид се очекува да биде трансформацијата на Алијансата во следната деценија.