Обраќајќи се во Белата куќа, Бајден рече дека е во „постојан контакт“ со сојузниците на САД и со Украинците и дека подготвува серија иницијативи кои ќе му отежнат на рускиот претседател Владимир Путин да го „направи она што луѓето се плашат дека ќе биде направено“.

Американскиот претседател и неговиот руски колега наскоро би требало директно да зборуваат за тензиите околу Украина, седум години по руската анексија на украинскиот црноморски полуостров Крим и бунтот на проруските сепаратисти во источна Украина.

Тензиите постојано растат во изминатите неколку недели поради можниот нов руски напад врз Украина. Русија е обвинета дека акумулирала десетици илјади војници на границата.

За да ги смири тензиите, Москва бара безбедносни гаранции и посебни уверувања дека НАТО нема да продолжи да се шири кон исток, особено со приемот на Украина.

Киев, од друга страна, категорично одбива да се откаже од својот план за приклучување кон Алијансата, што формално е на маса од 2008 година