Американскиот претседател Џо Бајден е во посета на новата членка на НАТО Финска по самитот на алијансата во Литванија.

Финскиот претседател Саули Нинисто денеска попладне ќе го прими Бајден во Претседателската палата во Хелсинки на билатерална средба.

Потоа е планиран мини-самит со шефовите на владите на другите нордиски земји – Данска, Норвешка, Шведска и Исланд, јави ДПА.

Главна тема на разговорите ќе биде поблиска соработка меѓу нордиските земји и САД на полето на безбедноста, заштитата на животната средина и технологијата. Посетата на Бајден во финскиот главен град ќе заврши вечер со заедничка прес-конференција со Нинисто.