Барселона за плати во сезоната 2019/20 потроши рекордни 675 милиони евра, а сега раководството на Ла Лига бара лимитот за плати да изнесува 161 милиони евра.
Како тоа ќе може да се спроведе во Барселона, во услови кога само капитенот Лионел Меси заработуваше 75 милиони евра по сезона, никој не знае.
Паралелно со ова, долгот на Барселона изнесува дури една милијарда и 280 милиони евра.