Во последните денови се пишуваше многу, а новите информации од водечките светски медиуми велат дека се е договорено, а Чави утре треба да биде претставен како нов тренер на каталонскиот тим.
Каталонскиот клуб минатата недела го отпушти Роналдо Куман по серијата лоши резултати, а Жоан Лапорта очекуваше за неколку дена да го реши прашањето за нов тренер.
Соработниците на Лапорта вчера отпатуваа за Катар каде што разговараа со челниците на Ал Сад, а самиот Чави синоќа по натпреварот против Ал-Духаил призна дека е подготвен да се врати дома и дека веќе договорил се со Барселона.
Чави има поддршка и од навивачите на каталонскиот тим, и ја знае климата во душата на тимот, па многумина сметаат дека е најдобрата опција за Барселона која е во голема резултатска криза, но и промена на генерација, па Чави ќе има многу на работа и поддршка од навивачите и раководството на каталонскиот гигант.