Тој уште еднаш кажа дека нема да се повторат грешките од минатото, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Денеска се одржа Собранието на демократите, ’96 е срамна дамка во историјата на ПД за која им се извинуваме на Албанците. Ова е дом на демократите и демократите се горди на она што го постигнаа за Албанија. За жал, во ’96 година покренавме нешто зло што донесе не само отстранување на ДП од власт, туку и осумгодишен реваншизам, рече тој алудирајќи на периодот кога на чело на партијата беше Сали Бериша.

Можевме, рече тој, да бидеме земја-членка на ЕУ, „можевме да бидеме првите од сите источни земји што ќе влезевме во ЕУ“.

– Одговорноста за ова е на тогашниот претседател Сали Бериша, кој прифати неприфатлив изборен стандард за земјите од ЕУ и САД. Денешниот ден јасно ја покажа волјата на демократите. Грешките од минатото кога ќе се повторат во трагикомедија повеќе нема да ги земат во заложништво ПД и демократите, изјави Баша.

Тој истакна дека не се признава никаков референдум и обновување на партијата.

– Има само едно Собрание и една Демократска партија. Сите останати се личен обид на еден човек да ги претвори демократите во месо за отстрел. Долго време ги ставав интересите на Бериша над интересите на претседателот и на демократите, овој период заврши денеска, посочи Баша.

Токму Баша, во 2013 година по поразот на парламентарните избори, на лидерската функција го замени Бериша, кој пак партијата ја предводеше 17 години.