Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, обвини дека изборниот масакр извршен на 25 април не претставува направена неправда само врз демократите, туку и кон Албанија и Албанците.

– Заедно сме во оваа сала цел месец по невидената и без преседан битка за која тие ќе влезат во 30-годишната историја на плурализмот. Битка која немаше никаква врска со правилата на демократијата. Влеговме во битка, соочени со политички противник кој го третираше изборниот процес како изборен масакр, детално подготвен од првиот до последниот момент, рече Баша на партиски собир во Мат.

Политичкиот противник, според него, против албанските граѓани, а особено демократите, искористил секаков метод и средства.

– Го искорсти целиот арсенал на државата, буџетот, парите од корупција, криминалните банди и други услуги што многу добро ги познавате и нема потреба да ги наведувам тука, од толеранција на одгледување наркотични растенија па до толеранцијата на дивоградби и нивна легализација за гласови. Во вашите очи го гледам гневот за оваа неправда што всушност не беше направено само врз демократите, туку и кон Албанија и Албанците, изјави Баша.

Тој порача дека мисијата за промени останува мисија на демократите.

– Во овие тешки услови во кои се наоѓа Албанија, по еден процес кој не даде никаков одговор на големите прашања на Албанците, затоа што единствените што можеа да дадат одговори бевме ние, вие бевте тие што излеговте во оваа битка со силата на нашите срца, како никогаш порано од 91 година, без никаква моќ, освен моќта на нашата душа, вредности и ум како граѓани, заедно со граѓаните и за граѓаните. И покрај сето ова мисијата за промена останува мисија на демократите, останува мисија на Демократската партија, порача Баша.

Тој ги повика демократите да ја продолжат борбата до крај, до „последната станица што е уривање на режимот и победа на демократијата и Демократската партија“.