Новородено бебе, кое синоќа беше пронајдено во Запрешич кај Загреб, завиткано во ќебе и фрлено во контејнер, е надвор од животна опасност, потврдија за „Индекс“ од загрепската полиција.

Полицијата пријавата ја добила околу 23 часот. Новороденчето е пренесено во болница во Загреб.

„Новороденчето било донесено во КБСД околу полноќ. Тоа е во добра физичка состојба, со редовни витални функции и без знаци на надворешни повреди“, велат од болницата.

Според првите информации, на местото на кое е пронајдено бебето имало и 15-годишно дете, кое побарало помош од минувачите, но полицијата ја демантира оваа информација.

Полицијата сѐ уште го истражува случајот и продолжува со утврдување на околностите и идентитетот на мајката.