На почетокот на наредната година минималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Инфлацијата во делот на прехраната би требало да биде околу 5 – 6 отсто, а генералната, рече Бектеши, од 7 – 8 проценти.
Според него, почнувајќи од јули годинава, зголемувањето на платите го надминува зголемувањето на инфлацијата.
Сите решенија се донесени низ разговори и во консултација со коморите, над 90 отсто се предлози што произлегуваат од стопанските комори, и во делот на листата на производите и во делот на дру
-Согласно сите податоци и методологијата утврдена од страна на Владата за зголемување на платите, почнувајќи од минималната плата, на почетокот на наредната година согласно сите податоци и тие што ги имаме како институции, минималната плата ќе се зголеми со минимум 10 отсто, пошто имаме 14 проценти зголемување на просечната плата. Инфлацијата би требало да биде околу 5 – 6 отстово делот на прехраната, а генералната од 7 – 8 проценти. На таков начин, зголемувањето на платите го надминува зголемувањето на инфлацијата, почнувајќи од јули годинава. Зголемувањето ќе биде уште поголемо до крајот на годината и со одлуките на Владата, но и со праксите и начините како работат посебно поголемите маркети, истакна Бектеши по денешната посета на логистичкиот центар на „КАМ“ во општина Илинден.
Министерот укажа на последната објава од Заводот за статистика според која, просечната плата е зголемена за 14,1 отсто во споредба со јули минатата година.